Испратила 130 пријави и размислува да чисти станови – програмерка открила зошто нема работа
Дигиталниот свет е неизморлив, а тоа од прва рака го искусила една млада програмерка чија објава на Redit станала огледало на суровата реалност во 2026 година.
Додека со години не ранат со приказни за „ветената“ земја во ИТ секторот, реалноста која денес ја живеат јуниорите повеќе потсеќа на борба за опстанок отколку на почеток на блескава кариера.
Нејзината исповед не е само крик на очај, туку и брутална анализа на пазарот кој е заситен, затворен и станал речиси непријателски кон оние кои треба да го направат својот прв чекор.
Девојка ја опишала својата борба без никакво разубавување, разоткривајќи го системот кој повеќе не ги признава напорната работа и дипломите.
„Здраво на сите, завршив средно училиште како компјутерски техничар, потоа три години факултет (софтверски инженеринг), а моментално дополнително се образувам (алгебра и самостојно). Испратив околу 130 пријави и всушност имав многу интервјуа и задачи, дури неколку пати успеав да стигнам до финалниот круг, но на крајот секогаш бев одбивана. Искрено, започнувам да чувствувам дека подобро би ми било да најдам сезонска работа како хигиеничарка отколку во струката, што е прилично фрустрирачки, бидејќи навистина вложив труд во ова. Ме интересира дали е ова сега нормална состојба на пазарот за јуниори или правам нешто погрешно? Како сте успеале да го пробиете тој последен чекор и да ја добиете својата прва работа? Било каков совет или искуство навистина би ми значело“, објавила таа.
Оваа објава ја отворила Пандорината кутија на насобрани фрустрации, покажувајќи дека прагот за влегување во индустријата станал апсурден.
Она што некогаш било доволно за солидна позиција сега е одбиено во првиот круг, оставајќи ги младите експерти во неизвесност помеѓу образованието и невработеноста.
Сурова реалност во коментари
Корисниците на Redit веднаш реагирале, а нивните одговори се движеле од сурова логика на преживување до горк цинизам кој го следи денешниот пазар на труд.
„За жал, таква е моменталната ситуација, но не губете надеж. Продолжете да испраќате пријави, а до тогаш, правете се’ што можете за да заработите за живот и паралено да го продолжите своето образование. Среќно“, реагирал еден од корисниците на Редит.
Други биле уште пореални во поглед на тоа што компаниите бараат денес:
„Денес, за јуниорска позиција, потребно ви е повеќе од просечно знаење. Компаниите немаат време, ни ресурси за менторство, сакаат некој кој веднаш ќе оствари профит, а не некој кој учи на работа“, пишува во објавата.
Дебатата исто така се интензивирала околу прашањето за „врски“ и колку е видлива самостојната работа во морето на слични пријави.
Еден корисник остро забележал: „Со 130 пријави и нула резултати, проблемот е или Вашето портфолио кое не се истакнува, или фактот дека 500 луѓе се пријавуваат на секој оглас. Пазарот е брутално заситен.“
Други ја истакнале психолошката цена на таквото одбивање: „По 50 одбивања, престанувате да верувате во себе. Проблем е што системот произведува кадри кои индустријата едноставно не сака да ги апсорбира во овој момент“, пише Dnevno.hr.
Она што е најстрашно е вистината дека дипломата повеќе не е гаранција, дури ни во сектор кој се смета за „отпорен на кризи.“
Додека девојката размислува за чистење на станот, пораката од пазарот е наежувачка, знаењето е само карта за лотарија во која шансите за добивка се намалуваат секој ден.
Извор: Bizportal.rs

