ПравдаСветот на работникот

Казанџиска: Сите вработувања во МОН се реализираат преку Агенцијата за администрација

По завчерашното откритие во врска со јавниот оглас каде вработената Љуљета Ќерими се изјаснувала за албанка па наеднаш се предомислила и се изјаснила како македонска се со цел само да се вработи, државниот сектретар во МОН вели дека сите вработувања на административниот кадар се реализираат преку Агенцијата за администрација.

– “Овде Mинистерството не може да влијае ниту како некој ќе се изјасни, доколку е во согласност со законот, законските процедури ги следи Агенцијата за администрација. Лицето сè уште не е вработено, има приговори, не знам како ќе се одвива случајот понатаму. Оној што ги исполнува условите во согласност со законот – тој ќе биде вработен“, рече Казанџиска.

На прашањето дали има измени во конкурсот, Казанџиска одговори дека конкурсот е ист.

Огласот за вработување раководител на секторот за средно образование е од 3 јануари годинава, а одлуката за избор на Љуљиета Ќерими е објавена минатата недела, на 8 февруари, по завршувањето на сите фази за селекција на кандидатите.