Какви права уживаат инвалидите на трудот?
Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Какви права уживаат инвалидите на трудот?
Работодавачот на работникот кој е инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација по основ на неспособност за работа е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација. На овој работник мора да му биде обезбедено друго работно место, соодветно на неговите квалификации со полно работно време.
На работникот кај кој постои непосредна опасност од настапување на инвалидност поради вршење на одредени работни задачи, доколку условите за работа без оглед на мерките што се применуваат или може да се применуваат влијаат врз здравствената состојба и работната способност на работникот во таа мера што е забележано нарушување на неговата здравствена состојба, треба да му се обезбеди распоредување на друга соодветна работа.
ПРАВИЛНО е да се смета дека во ваков случај на работникот треба да му биде обезбеден и надоместок на плата во висина на разликата меѓу платата на која работел пред распоредувањето и платата на новото работно место.
ПОГРЕШНО е да се смета дека на работник, на кој му е утврдена намалена работна способност за 50% треба да работи со полно работно време, напротив тој има право да работи со скратено работно време или пак да биде распределен на друга соодветна работа, со право на плата согласно со колективен договор.

