Како да дознаете дали сте ја избрале вистинската кариера?
Подготвил: Бобан Илијевски
Колку пати сте се прашале за тоа дали стен направиле добар избор на кариера? Секогаш кога имате лош ден на работа или на некој од вашите пријатели му ја зголемиле платата или го унапредиле, влегувате во суров круг на депресивни мисли, посакувајќи и вие да имате подобра кариера или работа. Како и да е, сигурно има и денови кога имате чувство дека ја работите најдобрата работа на светот. Во ваква измешана ситуација, како да знаете дали сте ја одбрале правилната кариера?
Не постои поважна одлука, но воедно и поголеми последици, од изборот на кариерата. После се, изборот којшто ќе го направите ќе влијае врз одвивањето на вашата иднина. Како информирана и образована индивидуа сигурно има нешто што ве мотивирало да ја изберете кариерата која ја имате. На крајот на денот, се се сведува на тоа дали сте биле инспирирани од вистинската мотивација или можеби требало да го употребите вашиот талент и вашите вештини за започнување на поинаква кариера?
Лошата атмосфера на вашето работното место може да ја помати границата помеѓу она што е добро и лошо за вас. Измешаните чувства, проследени од самокритичноста можат да ви ги замаглат мислите за вашите кариерни преференции.
Еве како да дознаете дали сте ја избрале правилната кариера:
Ги поминувате средношколските денови во мечтаење за вашата идна професија
Сите ние како деца сонуваме дека ќе станеме нешто или некој кога ќе пораснеме и иако нашата кршлива фантазија често ги менува нашите гледишта за совршената кариера, понекогаш постои некоја професија или идеја која ни се врежува во главите. Да речеме дека како дете сте ги гледале ѕвездите и сте биле фасцинирани од нив, па сте посакале да ја допрете Месечината и водени од оваа инхерентна желба сте станале астронаут. Не постои шанса да посакате друга кариера до крајот на својот живот, бидејќи сте го исполниле вашиот сон.
Поентата е дека доколку направите кариера во професија за којашто сте мечтаеле во средно училиште или на факултет, тогаш таа сигурно е вистинскиот избор за вас. Но, доколку поради некои неизбежни околности сте направиле измена во последен момент и сте одлучиле да направите кариера во професија која не сте ја планирале и не сте страсни за неа или вашето образование не се совпаѓа со неа, постојат голем шанси дека ќе имате потреба од советник за да ве насочи кон тоа како да ја изберете правилната кариера.
Идентификување на вашата личност
Статијата од Г-дин Томас од Psychology Today јасно ја подвлекува врската помеѓу типовите на личности и вокациите. Статијата зборува за теоријата на Холанд, која се развила во 1980-тите години и зборувала за таксономијата (термин кој се користи во биологијата и значи класификација на организми) на работната средина, овозможувајќи му да ги организира постоечките професии во поширока гранка на професии што е слично на она што го правиме со карактерните особини. Според таксономијата, професиите се класифицирани како Реалистични, Артистични, Претприемачки, Социјални и Конвенционални. Затоа, познавањето на вашите карактерни особини е значаен чекор кон дознавање на тоа дали сте ја избрале вистинската кариера.
Можете максимално да ги искористите вашите вештини
Ако можете потполно да ги искористите инхерентните вештини кои ги поседувате или знаењето кое сте го акумулирале низ вашиот живот, до максимум, тогаш сте ја започнале вистинската кариера. На пример, ако никој не може да ве победи кога станува збор за бројки, тогаш кариерата како финансиски менаџер или сметководител би ви одговарала совршено. Понатаму, ако постојано сакате да ги унапредите вашите вештини, со цел да напредувате, тогаш сте ја избрале вистинската кариера.
Подготвени сте да ги посветите викендите за дополнителна работа
Најдобриот тест за тоа дали ја сакате вашата работа и дали сте ја избрале вистинската кариера е да вложите дополнителни часови за да ја завршите работата која не е ваша примарна обврска. Ако ја сакате вашата работа, тогаш нема да ви пречи да посветите неколку викенди за да ја завршите работата којашто ви останала, да започнете со нова задача или да им помогнете на колегите. Од друга страна, ако постојано се жалите во случај да треба да работите прекувремено додека сте на работа, тогаш можеби треба да ја промените вашата кариера.
Извор: www.careersavvy.co.uk
Фото: Freepik

