Како да се користи годишниот одмор?
Примена на член 141 од Законот за работни односи
Со наближувањето на перидот на годишни одмори сметаме дека е соодветно да ве потсетиме на некои важни одредби од Законот за работни односи во однос на годишните одмори. Согласно членот 141 од Законот за работни односи, кој го уредува начинот на користење на годишниот одмор, работникот, годишниот одмор по правило го користи во текот на календарската година.
Годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели. Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година. Со оглед дека крајниот рок на искористување на ланскиот годишен одмор се наближува, сега е вистинското време да го искористите.
Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година. Воедно работникот кој работи во странство може во целост да го искористи годишниот одмор до крајот на идната календарска година, ако е така определено со колективниот договор на работодавачот.
Примена на член 141 од Законот за работни односи
Со наближувањето на перидот на годишни одмори сметаме дека е соодветно…
Posted by Juridica on Monday, May 10, 2021

