Како правилно да седите додека сте на работното место?
Живеењето во дигитална ера ни наметна секојдневно да поминуваме поголем дел од времето пред компјутер и притоа да не внимаваме на положбата во која седиме. Секојдневното четувањето со нашите пријатели на фејсбук,гледање интересни видеа на youtube или пак играње на видео игри ќе направи да се опуштите пред компјутер и да не внимавате како седите,а правилното положба на телото претставува и голем дел од здравјето.
Особено треба да внимавате да заземете правилна седечка положба,која што исто така може да направи да изгледате подобро и да ви ја зголеми продуктивноста. Потрудете се да седите што е можно поназад на столот со цел ‘рбетот да ја зачува својата природна искривеност. Додека при работење се служите со користење на тастарурата не дозволувајте да ја наведнувате главата,таа треба да биде во иста линија со горниот дел на телото,а рамената да ви бидат опуштени за да може тежината на телото да биде еднакво распределена на колковите. Од големо значење е да имате пријатна и сталожена атмосфера за работа која што секако ќе влијае на вашето здравје.

