Останато

„Како што e внатре, така е и надвор“ – Дали тоа што го мислиме, тоа и го живееме?

Зоран Витанов, меѓу другото, во Видео интервјуто на „Работник“ го објасни и примерот од неговата книга „Воскресни жив“, во кој робот кој работел на Таџ Махал (мазолејот во Индија кој дел од седумте светски чуда) добил мотивација да работи на изградбата на ова историско издание.

Контекстот на примерот не е во робот, туку во тоа дека е потребна визија за да може еден човек да изгради или креира нешто вредно во својот живот.

Сите успешни, пред да ги изградат огромните бизниси, имале визија како истите ќе изгледаат и функционираат, а тоа им дало мотив да ги изградат.

Витанов во неколку наврати ја повтори и фразата „Како е внатре, така е и надвор“, објаснувајќи дека тоа што го мислиме, тоа и ќе изградиме.

Истиот принцип важи и за оние кои сакаат да заработуваат пари – прво треба предвид да ги земат комптенециите, врз кои потоа треба да ја базираат и визијата.

Во текот на интервјуто со Витанов разговаравме и за невро-лингивстичко програмирање или моделирање на успешни луѓе, алатка која исто така ја користат успешните луѓе.

Во интервјуто стана збор и за мотивациските говорници, каде ја поставив тезата за „мотивациските говорници кои мотивираат на празно“.

Повеќе во видеото во продолжение:

Фото: Freepik

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk