ЕкономијаМакедонија

Ковачевски: Субвенции од 1.000 денари за три месеци за ранливите категории на граѓани

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција ги соопшти мерките кои ќе ги преземе Владата со цел да се намалат ефектите од економската криза предизвикана од војната меѓу Украина и Русија.

„Субвенциите за пензионерите се во вредност од 1.000 денари за три месеци или вкупно 3.000 денари кои би се користеле на купување на основните производи што произлезе од Социјалниот дијалог којшто го имавме со Сојузот на здруженија на пензионери. Ваучери за најранливите категории на граѓани од 1.000 денари за три месеци, кои би ги добиле околу 35.000 граѓани“, кажа Ковачевски.