ЕкономијаМакедонија

Која македонска аптека најмногу профитираше од кризата?

Доаѓањето на новата болест значајно ја зголеми продажбата на ле*ови, сулементи, минерали, витамини, гелови за раце, дезинфекциони средства и останати работи кои се продаваат во македонските аптеки. Според истражувањето кое го направи Фактор.мк девет од десетте најголеми и најпрофитабилни аптекарски компании во земјава лани го зголемиле профитот во споредба со 2019 година.

Годинава аптеките на „Зегин Фарм“ оствариле приход во вредност од 49,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од претходната година. Добивката на друштвото лани книжи значаен раст – достигна 300.000 евра што е за 17 пати повеќе од 2019 година. Битолски „Еурофарм“ лани оствари приход од продажба во износ од 35 милиони евра што е за 20,5 отсто повеќе од претходната година.

Најпрофитабилна аптекарска компанија лани е „Моја аптека“ – фирма на сестрите Механџиски (сопственички и на Зегин Фарм н.з.). Ова друштво лани на приходи од 26 милиони евра остварило добивка од 538.000 евра што е 11 пати повеќе од 2019 година. Лани приходот на оваа компанија е зголемен за 25 отсто во споредба со претходната година.

„Еликсир“ од Струмица -добивката лани пораснала за 26 отсто и е остварена од приход што изнесувал 2 милиони евра – поголем за 21 отсто од 2019 година. и „Бле – медика“ од Тетово- лани остварила приход од 2,4 милиони евра што е за 15 отсто повеќе од претходната година. Добивката на ова друштво е поголема за 73 отсто во споредба со 2019 година.

Виа Фарм од Вевчани е една од најпрофитабилните аптеки во земјава. Лани компанијата на Марица Угриновска Батковска остварила приход од 2,4 милиони евра што е за 57 отсто повеќе од претходната година, а профитот бил 193.000 евра што е за 36 отсто подобро од 2019 година.

Скопска Виола лани остварила приход од 4 милиони евра што е за 11 отсто подобар резултат од претходно. Добивката на компанија на Марија Фидановска изнесува 188.000 евра што е 15 пати подобро од 2019 година.

Алпи Фарм лани остварила приход од 4,1 милиони евра – 15 отсто повеќе од претходната споредбена година и остварила профит од 175.000 евра што е за 6 отсто подобро. Скопските аптеки под брендот „Херба“ сопственост на Ерол Али лани оствариле приход од 2,4 милиони евра и остварила раст на добивката за 9 отсто до 163.000 евра.

Во оваа група на најпрофитабилни аптекарски компании е и прилепското друштво Мента Фарм кое има приход од 2,1 милиони евра што е за 30 отсто повеќе од претходно. Добивката на фирмата на Лидија Николоска лани е 100.000 евра и е единствената што книжи пад ( од 23 отсто н.з.)во однос на 2019 година.