Кој ги турка дипломатите во штрајк?
Држејки го МНР долги години на обезбвреднета просечна плата од 27.000 денари, во време на инфлација, се чини дека министерот Бујар Османи свесно ги турка вработените кон штрајк, анализира амбасадорот Зоран Дабиќ.
,,Дали ваков страјк би бил успешен дефокус од обнародувањето на претворањето на МНР во пашалак на Осман Беј со кој прави што сака? Дали калкулира дека штрајк на дипломати би се вклопил во инфлација на други штрајкови ширум земја и дека таа е сепак помала цена од вадење на површина огромен број скандали кои стануваат заштитен знак на МНР?
Додека спикерки и минеролози се упатуваат во странство, тешко дека дипломатите ќе видат бел ден во професијата“, вели Дабиќ.
Амбасадорот кој го подготви влезот на Македонија во НАТО прави алузија на упатување на двајца луѓе на ДУИ, поранешна тв водителка без искуство, за генерален конзул и експерт за мониторинг на природни минерални за прв секретар во македонската амбасада во Брисел.
Првиот секретар во Брисел е вториот внук на Али Ахмети кој е брат на новиот газда на десетина милиони вредниот удел во ТЦ Соравија.
Извор: Expres.mk

