КСС: Нашето барање е на сите работници од приватниот сектор да им се даде финансиска помош
Фејсбук статус на КСС:
Денес делегација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС предводена од претседателот на КСС Благоја Ралповски одржа работна средба со пратеници во Собранието на Република Македонија со цел прифаќање на амандманот кој што го поднесовме преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста треба да знае дека КСС во изминатиот период имаше голем број на активности во делот на исполнување на законските обврски и усогласувањето на платите на сите работници во приватниот сектор согласно покачувањето на минималната плата и Законот за минимална плата.
Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор кои што се со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари и на оние со плати од 21.000 до 24.000 да се исплати парична помош од три пати по 2.000 денари за кои се потребни да се издвојат една милијарда денари од ребалансот на буџетот а целта е овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима која што ја најавува власта.
Од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ амандманот беше целосно прифатен и како КСС апелираме и бараме сите пратенички групи во Собранието да го прифатат овој амандман со што ќе се допринесе до создавање на подобри услови за ваквата тешка состојба на работниците во приватниот сектор.

