КСС со паролата: „Да живее 1-ви Мај – Правда за Работникот“, го одбележува денот на работничката класа
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС денеска преку фејсбук кампања започна да го одбележува Први мај – Меѓународниот ден на трудот.
Од КСС прво објавија виртуелен протест, под паролата „Да живее 1- Мај! – Правда за работникот!“, а потоа излегоа и со два постери. Преку првиот постер КСС порачува дека Законите пропишуваат 100 % надоместок за секој вработен, заразен од САРС – КоВ 2 вирусот на работното место. Додека со вториот постер тие се осврнаа на минималната плата која беше зголемена за 1,7 %, додека инфлацијата за март месец изнесува 2 %.
И двата постери се под паролата „Да живее 1- Мај! – Правда за работникот!“.


Од КСС, изминатиот период постојано го искажуваше незадоволството од непочитувањето на Законите, Колективните договори и Меѓународните конвенции на Меѓународната организација на трудот кои Македонија ги има ратификувано и со тоа се има обврзано да ги почитува.
На вчерашната прес – конференција, Претседалот на КСС, Благоја Ралповски рече дека Владата се уште нема слух за нивните барања и покрај протестот којшто беше организиран на 15 април, најавувајќи дека постои можност за организирање на помасовен протест.

