ЕкономијаМакедонијаНовости

Кузеска: Во кризна година забележавме рекордни странски инвестиции

   Време за читање 1 минута

Во 2022 годна, една од најкризните години во Европа, бележиме рекордни износи на странски директни инвестиции, а тоа е доказ цека економските политики на Владата на СДСМ даваат резултати, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Таа рече дека 2022 година е завршена со 43 милиони евра странски инвестиции во Технолошко индустриските развојни зони. За истиот период, додаде, во ТИР зоните се отворени 2.300 работни места, со плати кои се повисоки од државниот просек.

„Истовремено, продолжува засилената државна помош кон компаниите, а. 2022 година ја завршивме со рекордна исплата од 23 милиони евра, како и рекорден број на поддржани компании, односно 410 компании по Законот за финансика поддршка на инвестиции. Бројот на компании како и буџетот за поддршка расте секоја година, од 2017 година па наваму. Во 2022 година имаме зголемување од 79% проценти на исплатена финансиска поддршка односно од 12,9 милиони во 2021 на 23 милиони евра во 2022 година.

Сето ова дава огромен придонес во одржување на економската стабилност, но и во растот на платите и намалување на невработеноста. Како одговорна партија, продолжуваме со мерките и политиките кои обезбедуваат економски раст и конкурентна економија“,. изјави Кузеска на прес-конференцијата во СДСМ.