Лазаров: Зголемувањето на вредноста на увозот е поголемо од зголемување на вредноста на извозот со што нето ефектот од надворешно трговскиот сектор е негативен за економијата
Фејсбук статус на проф. д-р Дарко Лазаров:
Во врска со најновите податоците за растот на извозот од 18.1% во првиот квартал од 2021 година треба да имаме во предвид две работи:
Образложение зошто извозот сам по себе не е важен:
1) Може дел од извозот да се должи на ре-извоз. Некоја фирма направила увоз на некој производ од Норвешка, а го продала во Косово. На пример, ако погледнете во извозната структура на Македонија ќе видите дека земјата меѓу другото извезува морска храна. Во овој случај додадената вредност за земјата е само трговската маржа на трговецот кој го прави тој ре-извоз.
2) Најголем дел од извозот може да биде базиран на увозна компонента (во производниот процес извозната компанија во најголем дел да користи увозни суровини/инпути). Од друга страна, во БДП влегува само домашната додадена вредност на извозот, а не целиот извоз.
Во конкретниот случај за Македонија во првиот квартал, зголемувањето на вредноста на увозот е поголемо од зголемување на вредноста на извозот што значи дека нето ефектот од надворешно трговскиот сектор е негативен за економијата.
Во врска со најновите податоците за растот на извозот од 18.1% во првиот квартал од 2021 година треба да имаме во…
Posted by Darko Lazarov on Friday, May 7, 2021

