Левица предвидува воведување на флексибилен модел на работа за мајките работнички
Фејсбук статус на трудовиот сектор на Левица:
Потребно е унапредување во однос на статусот на мајките-работнички преку носење на квалитетни закони кои што ќе овозможат поповолент третман при работен однос од веќе постоечкиот.
Во однос на ова прашање, Левица ја разбира состојбата во која што се наоѓаат мајките-работнички, па затоа предвидува воведување на флексибилно или скратено работно време за сите мајки-работнички чии што деца немаат навршено 3 годишна возраст.

