МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Лекција за работниците и работодавачите на проф. д-р Лазар Јовевски

   Време за читање 1 минута
Тема: Дали со колективен договор може да се уредува статус на вработен?
Во праксата се постави прашање дали со колективните договори може да се уредува прашање кое се однесува на трудовоправниот статус на вработените. Ова особено во јавниот сектор. На пример дали давател на јавни услуги во некое јавно претпријатие може со колетивен договор да го пренесеме во статус на административен службеник, или пак вработен кој има статус на вработен согласно Законот за работните односи, да го пренесеме во статус на административен службеник.
ОДГОВОРОТ е НЕ! Работноправниот статус на вработениот, особено во јавниот сектор се уредува со закон. Не може со колективен договор, ниту пак со каков било друг акт, како што е на пример договор за вработување или интерен акт на работодавачот, да се менува трудовоправен статус. Ова е согласно Уаставот и согласно Законот за работните односи. Значи, со колективен договор се уредуваат и доуредуваа права и обврски од работен однос, а не трудовоправен статус на вработени.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека со колективните договори на „мала врата“ или преку т.н. „бајпас“ пристап ќе се решат одредени пропусти или недоречености во законите кои се однесуваат на статусот на вработените.
проф. д-р Лазар Јовевски
 

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

тема: Дали со колективен договор може да се уредува статус на вработен?

Во…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, January 25, 2021