Лекција по трудово право: Престанување на договорот за вработување по добиена судска пресуда
Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Престанување на договорот за вработување по добиена судска пресуда
Работодавачот во било кое време може да донесе одлука со која ќе го откаже договорот за вработување на одреден работник, а незадоволниот работник на вака донесената одлука може да поднесе приговор до органот на управување. Доколку работодавачот не одлучи по поднесениот приговор во законски предвидените рокови, работникот може да побара соодветна правна зашитата пред судот, повторно запазувајќи ги законски определните рокови.
Доколку судот одлучи дека одлуката со која му престанал работниот однос на работникот е незаконита, работникот има право да се врати на работа по правосилноста на истата, доколку тоа го побара самиот. Дополнително работодавачот има обврска да му ја исплати бруто платата која би ја земал кога би бил на работа, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по престанокот на работниот однос.
ПРАВИЛНО е да се смета дека доколку за работникот не е прифатливо да остане во работен однос, судот на негово барање ќе го определи денот на престанокот на истиот и ќе му досуди надоместок на штета.
ПОГРЕШНО е да се смета дека таков вид на барање е предвидено само за работниците, напротив судот може на барање на работодавачот ако постојат околности кои оправдано укажуваат дека продолжувањето на работниот однос, со уважување на интересите на двете договорни страни, не е можен, да донесе одлука за престанок на истиот.
Проф. д-р Лазар Јовевски

