Младите со факултетски дипломи работат во странство и како келнери и се подобро платени
Многу компании, дури до 70 % според некои истражувања, се жалат на недостиг од квалификувана работна сила. Вакви жалби се слушаат не само во другите земји, особено во Западна Европа, туку и кај нас. Сепак, статистиките за нашата земја не покажуваат дефицит на работна сила. Главен предизвик е недостигот на соодветни квалификации во однос на потребите на работните места, што е индикација за недоволна комуникација меѓу економијата, учениците, студентите, нивните родители и надлежните институции. Ова го покажува извештајот на иницијативата „Хикатон“, во чија подготовка учествуваа 50-мина професионалци за човечки ресурси од триесетина македонски компании, во соработка со Македонската асоцијација за човечки ресурси и билатералните стопански комори на Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Холандија и Комората на Северозападна Македонија.
Повеќе на Вечер.прес

