Светот на работникот

Работодавачите сѐ помалку ги гледаат дипломите – ова денес сѐ почесто одлучува кој ќе ја добие работата

Пазарот на труд поминува низ една од најголемите промени во последните неколку децении.

Сѐ повеќе компании во текот на вработувањето ставаат акцент на практичните вештини и способностите на кандидатот, додека формалното образование повеќе не е единствениот, ниту пресудниот критериум.

Според податоците кои ги пренесува порталот NACE Web, околу 70 % од работодавачите веќе применуваат некаков облик на вработување базиран на вештини (skill – based hiring), а трендот од година во година добива сѐ поголемо значаење.

Вештините стануваат поважни од дипломата

Со децении факултетската диплома претставувала основен услов за многу канцелариски и стручни позиции. Денес тој пристап се менува.

Работодавачите сѐ почесто ги проценуваат кандидатите според тоа што навистина знаат да го работат, колку брзо можат да усвојат нови знаења и како ги решаваат конкретните задачи.

Посебно се ценат:

  • Дигиталните вештини,
  • Практичното искуство,
  • Комуникацијата,
  • Адаптабилноста,
  • Критичкото размислување
  • Решавањето на сложени проблеми.

Тоа значи дека кандидатот со докажано знаење и искуство може да има еднакви, па дури и поголеми шанси за вработување од оној кој има диплома, но нема соодветни практични вештини.

Вештачката интелигенција ги забрзува промените

Развојот на вештачката интелигенција дополнително го менува пазарот на труд.

Позициите кои претходно биле претставувани како почетни позиции за младите дипломци сѐ почесто се автоматизираат, додека расте побарувачката за вештини кои ВИ не може лесно да ги замени.

Меѓу нив се креативноста, критичкото размислување, комуникацијата, тимската работа и решавањето на комплексни проблеми.

Се менува начинот на вработување

Компаниите сѐ почесто воведуваат практични тестови, студии на случаи и конкретни задачи како поважен дел од селекцијата од самата содржина на биографијата.

На тој начин сакаат да проверат како кандидатот го применува знаењето во прака, наместо да се потпираат исклучително на формални квалификации.

Што тоа значи за кандидатите?

Новите правила на пазарот на труд испраќаат јасна порака – дипломата и понатаму може да биде значајна, но повеќе не е единствениот билет за работното место.

Сѐ поголема вредност имаат континуираното усовршување, стекнувањето нови знаења и способноста вештините да се покажат преку практична работа.

Експертите оценуваат дека, доколку овој тренд продолжи, формалното образование во наредните години би можело да ја изгуби досегашната улога како главен критериум за вработување.

Извор: Bizportal.rs