МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Молк од надлежните за огромните плати што ќе ги земаат функционерите – Синдикатите најавија генерален штрајк

   Време за читање 2 минути

Иако се најавуваше брза одлука за промена на коефицинтите за да се избегне енормното згоемување на функционерските плати и до 78 проценти премиерот денеска ретерираше и најави дека решението ќе се бара со новиот закон за плати во јавниот сектор, а кога тој ќе се однесе бидејки се уште е во нацрт фаза за сега никој не може да прогнозира. Кога ќе биде однесен законот и колку плати ќе земат функционерите премиерот точно не кажа вели не си ги покачиле сами платите, туку тоа е резултат на одлука на Уставен која не сакаше да ја коемнтира.

Ковачевски тврди Владата пред Уставниот суд го бранела ставот дека основицата по која се пресметуваат платите на функционерите треба да остане замрзната и дала негативно мислење но не сака да ја коментира поинкавата одлука на Уставен.

Синдикатите најавија дека ако владата не се повлече ќе има генерален штрајк, а во преговорите во зкаонот за плати во јавен скетор ќе бараат за административците да важи просчената плата како и за функциомерите а не минималната како што сега се предлага. Од УПОЗ прашуваат и од каде владата ќе најде пари за високите плати на функционерите и се осмнева дека тоа ќе биде на грб на работниците.

Претседателот на државата Пендаровски го повтори дека очекува владата да направи се што треба за да се врата функциомнерските плти на претходното ниво. Новата министерска плата или платата на претседател на врховен суд или на државниот јавен обвинител би била околу 1.859 ЕУР. Додека пак платата на функционер со најмал коефициент од 2.2 би изнесувала околу 620 евра. Коефициент 3,20 или 1.610 евра следуваат за реководни работници во собрнаието, апелационен судија, претседател на основен суд и шеф на јавно обвинителство.

Извор: Експрес