Најголемиот вулкан во светот едвај се гледа над морската површина
Два мали острови што ѕиркаат над брановите во северниот дел од Тихиот Океан се само врвови на најголемиот вулкан во светот, покажува ново истражување.
Пухахону, што на хавајски значи „желка која испловува за воздух“, се наоѓа на 1.100 километри северозападно од Хонолулу. Тоа е таканаречен штитест вулкан кој се издигнува на околу 4.500 метри од дното на океанот, а има само еден извор на лава.
Повеќе прочитајте на факултети.мк

