Најголем дел од младите остануваат невработени и по 4 и повеќе години (График)
Младите луѓе во Македонија остануваат и до четири и повеќе години невработени, покажуваат последните податоци на Макстат базата на Државниот завод за статистика од 2024 година. Поточно, 4.803 лица на возраст од 15-24 години биле невработени 4 или повеќе години.
Ако се земе предвид вкупната бројка на невработени лица во 2024 година која изнесувала 98.273, бројката на оние кои биле на возраст од 15-24 изнесувала 18,096.
Во графикот подолу е претставена бројката на невработени млади лица според должината на невработеноста:
Невработени на возраст од 15-24 години според должината на невработеноста by Работник Мк
