ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија

Бобан Илијевски

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тромесечје од 2021 година, вкупно има 7,878 слободни работни места. Најголемиот дел од нив се во преработувачката индустрија – 1,460 слободни работни места; градежништвото – 1,441; трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли – 1,212; административни и помошни услужни дејности – 742; транспорт и складирање – 575 и информации и комуникации или ИКТ секторот – 551 слободно работно место. 

Најмалку слободни работни места има во секторот снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација – 13; дејности во врска со недвижен имот – 14 слободни работни места и други услужни дејности – 51; 

Според големината на компаниите, најголем број на слободни работни места има во компаниите со од 3 до 9 вработени – 2, 266; 250 и повеќе вработени – 1,957 слободни работни места; од 50 до 249 вработени – 1,861 и од 10 до 49 вработени – 1794 слободни работни места.

Гледано по региони, најмногу слободни работни места има во Скопскиот регион – 4,719 и во Вардарскиот – 598, а најмалку има во Североисточниот и Полошкиот регион – 302 односно 238 слободни работни места. 

Фото: Freepik