НовостиПравдаСветот на работникот

Невакцинираните превозници нема да прават ПЦР тест при влез во државата

   Време за читање 1 минута

Превозниците кои не се вакцинирани против Ковид-19 нема да прават ПЦР тестови при влегување во државата, објави здружението Макам транс на нивната Фејсбук страница.

Ваква одлука донела Владата на денешната седница, велат од ова здружение. 

„Само што добивме информација од министерот за транспорт и врски г-дин Бочварски која гласи: ‘Прифатено е барањето за изземање на професионалните возачи и за протоколот при влез во државата и за транзитот на странските превозници’.
Со званично објавување на измените на постојната Одлука на Влада истата ќе Ви ја објавиме со цел да ја имате како доказ во случај ако дојде до некое недоразбирање на граничните премини“, се вели во објавата.

Претходно тие алармираа дека поради одлуката при влез во земјава да се прават ПЦР тестирања, ќе дојде до нарушување на синџирот на снабдување, а особено при транспорт на репроматеријали, лекови, како и на нафтата и производите за широка потрошувачка.