Невработеноста во ЕУ е на историски минимум: Во 5 земји речиси и да нема луѓе без работа
Во 2024 година, стапката на невработеност во Европската Унија за возрасната група од 15 до 74 години падна на 5,9% од работната сила, што е најниско ниво откако се мери овој индикатор, односно од 2009 година.
Стапката на долгорочна невработеност, изразена како процент од работната сила, изнесуваше 1,9% во 2024 година, што е воедно и најниското ниво во целата достапна временска серија.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, Грција имаше највисока стапка на долгорочна невработеност – 5,4%, по што следуваат Шпанија со 3,8% и Словачка со 3,5%. Спротивно на тоа, најниски стапки се забележани во Холандија (0,5%), Малта (0,7%), како и Чешка, Данска и Полска (сите три земји 0,8%).
Невработеноста кај младите е 15%
Кога станува збор за млади луѓе на возраст од 15 до 24 години, стапката на невработеност изнесуваше 14,9%, што претставува зголемување од 0,4 процентни поени во споредба со 2023 година.
Во другите возрасни групи, стапките на невработеност беа значително пониски и беше забележан мал пад во споредба со претходната година. За лицата на возраст од 25 до 54 години, невработеноста изнесуваше 5,4% (намалување од 0,1 процентен поен), додека за лицата на возраст од 55 до 74 години беше 4,1% (намалување од 0,2 процентни поени).
Вкупната стапка на невработеност за сите на возраст од 15 до 74 години се намали за 0,2 процентни поени – од 6,1% во 2023 година на 5,9% во 2024 година.
Извор: kajgana.com

