Неделков: До 15 март треба да завршат преговорите за потпишување на новите Колективни договори
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Работна средба со министерот за образование и наука на која се отворија повеке прашања во надлежност на двете институции.Приоритет на разговорите беше потпишување на Колективните договори за основно и средно образование, со што ке се надмине проблемот со усогласување и зголемување на платите на вработените во образованието.Договорено е интензивирање на преговорите кои треба да завршат најдоцна до 15 март со попишување на новите Колективни договори со што ќе се затворат многу прашања од интерес на вработените во образованието.

