Независниот синдикат на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ја блокира „Илинденска“, бара септемвриска плата и К-15
Синдикатот бара исплата на септемвриската плата и К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со престанат работен однос, како и исплата на помош за починат член на семејството.
Според најавите, блокадата ќе се одржи во текот на денот пред седиштето на претпријатието. „Работниците секојдневно се грижат за парковите, зелените површини и јавниот интерес, а месец по месец се соочуваат со финансиски неизвесности. Доста е игнорирање и одолговлекување,“ порачаа од синдикатот.
Тие додаваат дека бараат итна исплата на заостанатата плата, јасен датум за исплата на К-15, како и преговори за подобрување на условите за работа. Доколку барањата не бидат исполнети, синдикатот најавува засилување на протестните активности.

