Не престануваат отпуштањата: Укинати дури 154.000 работни места
Металската и електроиндустријата во Германија продолжуваат со намалување на бројот на вработени – само во јуни биле укинати речиси 14.000 работни места.
Според податоците на Унијата на работодавачи, во овие сектори, во првата половина од годината бројот на укинати работни места се искачил на 76.000.
„Бизнисот во Германија е под масовен притисок од трошоци за енергија, даноци, социјални давачки и бирократија“, укажа претседателот на здружението Ларс Кремер. Дополнително, на тоа се надоврзуваат и проблемите на глобалната економија, како што се американските царини, додаде тој.
Во цела Германија, во металската и електроиндустријата во јуни работеле 3,82 милиони луѓе, што е за 104.000 помалку во споредба со истиот месец лани.
Од 2023 година бројот на укинати работни места се зголемил на дури 154.000.
Со секое укинато работно место, Германија губи по 100.000 евра додадена вредност годишно, наведоа од здружението. „Во споредба со 2019 година, денес имаме речиси 25 милијарди евра помалку“, се додава во соопштението.

