ПравдаСветот на работникот

Ниту едно работно место не вреди повеќе од вашето ментално здравје!

Ниту едно работно место не вреди повеќе од вашето ментално здравје!
Денес е сабота- за некого почнува викенд, некој е на работа… Каде и да сте ви препорачуваме да најдете време за себе и да се преиспитате: дали вашето работно место влијае негативно на вашето ментално здравје? Ако самите не можете да лоцирате, разговарајте со некој кој добро ве познава за да ви укаже доколку кај вас приметува промени кои не се во ред. Во краен случај, разговарајте и со терапевт. Внимавајте да не стане доцна. Вашето ментално здравје треба да го негувате исто како и физичкото! И не жалете за пари ако треба да ја напуштите работата која ментално ве обременува до нездрав степен. Останете здрави, а нова работа ќе најдете.
Тимот на Јуридика