Вести

Нови начини на размислување за работата во 2024 година

Што ако нашето најпродуктивно „јас“ не е кога испраќаме мејлови или комуницираме на ЗУМ? Наместо тоа, што ако нашата продуктивност се зголемува кога ќе се оддалечиме од компјутерот, масата и традиционално дефенираните работни места?

Работиме во ера обележана со невидено согорување на работните места, хибридни работни опкржувања со правила кои се развиваат и обиди да се управува со сеприсутната технологија. Овие три појави се молат за поинаков начин на размислување за работата.

На пример, истражувањето Thrive My Way од 2023 година, истакнува дека 57 % од работниците сметаат дека од нив се очекува да посветат внимание кон работата 24 часа дневно и дека 70 % од вработените доживуваат согорување кога ќе се соочат со неразумни рокови. Ова доведува до пад на продуктивноста кога вработените земаат боледување како резултат на овие ограничувања. 

Дали сте слушнале за „MTR работна рамка“? MTR е човечка активност сосредоточена на движење, размислување и одмор, за да се покрене генеративно размислување, така што кога ќе се вратиме на работата која ни е при рака, да бидеме поенергични, покреативни и попродуктивни.

Историски се поврзани метафорите како што се „мозокот како компјутер“ или „мозокот како мускул“, но Ени Марфи Пол брилијантно понудила алтернативна метафора за тоа како функционира мозокот во својата книга „Проширен ум“. Таа нуди „мозок како птица“, што значи дека нашиот мозок подинамично функционира кога сме потполно нурнати околу нас за да дојдеме до нови начини на размислување.

Posao, zaposleni

Фото: Unsplash

Нова перспектива

А има и подобар начин да нурнете отколку да се оттурнете од столицата и го искористите своето чувство кои човечките суштества ги прави толку уникатни како вид?

Новата перспектива за тоа од каде доаѓа нашиот најдобар перформанс на работа може да биде застрашувачка за менаџерите. Во денешната ера на големи податоци, љубопитноста е валута. А во догледна иднина, основните задачи кои можат да се следат и квантификуваат ќе бидат заменети со автоматизација, роботика и вештачка интелигенција.

Иако ова на почетокот се чини како исклучително вознемирувачки, одлична вест е што компаниите имаат прилика да се потпрат на „внатрешната работа“: работата која допира во човечката димензија и изискува личен развој во канцеларијата и професионализам додека работите од дома.

Новата можност на работа е да се оддалечиме од технологија и да се наклониме кон единстевните човечки активности како што се:

  • создавање значење
  • создавање и откривање на сеќавањата
  • интуитивно разбирање
  • градење односи
  • имагинација
  • физичко движење и игра
  • користење на нашата имагинација.

Posao

Фото: Pexels

Меките вештини се суштински

Сега е време на истражувања на нови метрики за продуктивност: OKR (Цели и клучни резултати) и KPI (клучни показатели на перформансите), пишува Fast Company.

Како технологијата може да поттикне моменти на застој? Апликациите као Calm и Fitbit кои ве поттикнуваат да се покренете во текот на денот, тоа веќе и го прават. Технологијата, која ни овозможува да го засилиме она што не прави човечни, е клучна.

Што ако ја нормализираме играта? Размислите за тоа карактеристиките кои ви се потребни да бидете добри во играта (соработка, преговарање, активно слушање, добро поставени прашања) да се исти како вештините потребни за водство.

Невробиологот Дејвид Иглмен развил неверојатни прототипови околу своето многу интересно истражувачко прашање: „Што ако би можеле да ги почувствуваме податоците?“

Ако се свртиме кон различните прашања како овие, кога ќе се осврнеме на видливата задача – завршување на извештаи, внимателно креирање на мејлови или водењето на тежок разговор со клиентите или колегите, ќе резултира со повеќе генеративни и иновативни идеи.

Иднината на работата подразбира познавање на виртуелната реалност, големите колични на податоци и вештачката интелигеција. Тоа ќе бидат основните услови. Работните опкружувања на најдобрите класи ќе изискуваат луѓе со зголемени креативни капацитети. Како границите помеѓу технологијата и луѓето се губи, работните опкружувања изградени на основа на доверба, креативност и имагинација ќе бидат клучни. Мораме да се оддалечиме од воодушевеноста од технологијата и да се свртиме кон нашите човечки капацитети.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash, Pexels

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk