НовостиСветот на работникот

Овие три знаци можат да ви покажат дали е време да си заминете од вашето работно место

   Време за читање 4 минути

Во 2009 година, Ејми Потерфиелд имала комфорна работа како директор за развивање на содржини во Anthony (Tony) Robbins Companies. Имала редовна плата, платен годишен одмор и многу шанси за напредување, но во еден момент сфатила дека сака повеќе. Нејзината работа предвидувала градење на онлајн бизниси на луѓе, а тоа ја натерало да ја согледа слободата кои ја пружале овие бизниси.

Таа дала отказ и започнала да експериментира со различни бизниси, вклучувајќи продавање и креирање на онлајн курсеви. Во 2019, ја стартувала Академијата за дигитални курсеви преку која ги учела другите како самите да започнат онлајн бизниси. Направила бум.

„Тоа беше најголемото лансирање што го имам направено досега. Најдобриот фидбек што го имам добиено досега“, вели таа. Низ годините, како што вели, им помогнала на 50,000 студенти, а нејзиниот бизнис и донел дестици милиони долари.

Во февруари, Портерфилд ја објавила книгата: „Две недели однапред: Пронајдете ја храброста да дадете отказ, направите пари, работите каде што сакате и променете го светот“ (Two Weeks Notice: Find the Courage to Quit Your Job, Make More Money, Work Where You Want, and Change the World). Книгата веќе е  бестселер на Њујорк тајмс.

Се надева дека луѓето кои ќе ја земат оваа книга, „се оние кои се наоѓаат во коцка и се прашуваат дали постои нешто подобро за нив“.

Доколку сакате да ја напуштите вашата „9-17“ работа, но не знаете каков потег да направите, еве три знаци кои Портерфилд сугерира да ги земете во предвид:

Малку сте платени

Доколку знаете дека сте малку платени, време е да продолжите понатаму.

Портерфилд ја раскажува приказната за нејзина поранешна студентка, фармацевт, која учела за да биде вработена. „Кога дозна дека човекот што ја учи заработува повеќе пари од неа, а таму работела многу години. Тоа беше знакот за неа“, вели таа.

Самата Портерфилд била во слична ситуација на едно од нејзините претходни работни места. Ненамерно ја видела платата на некој нејзин колега на факс апаратот. Неговата плата била повисока од нејзината иако таа подолго време работела таму и била на повисока позиција. Започнала да бара нова работа и дала отказ три месеци подоцна.

„Тоа што си помалку платен те принудува да си речеш ‘Завршив тука’. Морам да продолжам понатаму. Секако, можеш да побараш да ти ја зголемат платата, но ако одбијат, треба да имаш план Б“, вели таа.

„Се чувствувате невидливи или неценети“

Слично, ако се чувствувате дека не сте доволно ценети, нема шанси тоа да се промени, па затоа смислете излезна стратегија.

„Понекогаш луѓето се чувствуваат невидиливи на нивната ‘9 до 17’ работа“, вели Портерфилд. „Имаат идеи, ги ставаат на маса, но никој не обрнува внимание“. Тоа може да биде знак за тоа дека таму каде што работите нема можности за раст“.

„Доколку се чувствувате неценето на вашето работно место и знаете дека вашите идеи не го добиваат вниманието кое го заслужуваат“, вели таа, започнете да барате работа каде што лидершипот е отворен за да го слушне тоа што имате да го кажете. Исто така, Портерфилд препорачува да ја земете во предвид идејата да започнете сопствен бизнис „каде вашите идеи ќе бидат приориет број еден“.

Не ја сакате работата на вашиот шеф

Понекогаш самото откритие дека време е да си заминете доаѓа од тоа дали ја сакате работата на вашиот шеф.

„Едно од црвените знамиња на работните места кои често се занемаруваат е прашањето ‘дали ја сакам работата на мојот шеф’. Доколку сметате дека е премалку платена или не е креативна, тогаш е време да пронајдете нешто што ќе ве исполнува“, вели Портерфилд.

Дајте си на себе три, шест, девет месеци за да видите што ќе правите понатаму, а потоа одете и направете си свој раст, порачува таа.

Извор: CNBC

Фото: Shutterstock