Од најавите за поддршка на ординациите излезе само гола кампања, вели д-р Лазаров
Д-р Ненад Лазаров којшто воедно е и Претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ денеска објави фејсбук статус во кој упати критики до надлежните институции поради тоа што не им се обезбеди финансиска помош на приватните ординации.
„25 пресови направија летово со најава за пакет мерки помош што ќе вклучат и ординации, ама само гола кампања излезе.
Како да растеме, како да следиме технологија кога ниту држава ниту банки поддржуваат амбуланти?
Да биде иронијата поголема, на приватни болници кои милионски профити направија им субвенционираа плати, за примарно здравство НИШТО.
Цела пандемија, 0 (нула) поддршка, само инспекции за притисок, алал да ви е“, стои во објавата на д-р Лазаров.

