Околу 7.000 фирми не им исплаќаат плата на своите вработени
Околу 7.000 работодавачи во државата не им исплаќаат плата на своите вработени секој месец, а казната за неисполнување на обврската, односно за неисплаќање на платата во законскиот рок изнесува само 1.000 евра. Според статистичките податоци, во државата се вработени вкупно 702.410 лица, а само 538.869 биле на платен список. Разликата меѓу вработените и оние што не земаат плата и не е така мала и излегува дека вкупно 163.541 лице во државата не зело плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека дел од овие работници кои фигурираат како вработени се самовработени или земаат плата во плик и се вработени на црно и затоа ги нема во податоците на Управата за јавни приходи за исплатени плати.
Според податоците од УЈП во месец јуни 5.641 работодавач не поднел МПИН-пресметки за исплата на плата на 7.733 вработени, во месец јули 5.857 работодавачи не поднеле МПИН-пресметки за исплата на плата на 8.095 вработени и во месец август 6.645 работодавачи не поднеле МПИН-пресметки за исплата на плата на 14.977 вработени.
Повеќе тука

