СветСветот на работникот

Откако добил отказ, ја запалил пицеријата во која работел: Работниците биле внатре и спречиле катастрофа

Белградската полиција уапси 46-годишен поранешен работник на пицерија кој, во гнев поради губењето на работното место, подметнал пожар во објектот.

Драмата настанала откако поранешниот вработен во угостителскиот објект се обидел да се пресмета со својот поранешен работодавач. Осомничениот С.Г. се товари за кривично дело предизвикување општа опасност.

Според неофицијални информации на Телеграф, 46-годишникот неодамна добил отказ, што го поттикнало да дојде до пицеријата со шише бензин, да го истури низ внатрешноста на локалот и да го запали, по што побегнал.

Во тој момент, работниците се наоѓале во објектот и успеале да спречат пожарот да се прошири на целиот локал и на соседните објекти, по што го изгаснале огнот.

Иако „фатил магла“, сторителот брзо бил фатен.

Му бил одреден притвор од 48 часа, а во законскиот рок со кривична пријава ќе биде изведен на сослушување.

Извор: Danas.hr