ЕкономијаМакедонија

Парното ќе поскапи, а ќе има и нови блок-тарифи за пофер наплата на струјата

Граѓаните кои се греат на парно од претстојната грејна сезона ќе плаќаат повисоки сметки, а конечната одлука за висината на поскапувањето се очекува до крајот на јули. Новиот претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Ацо Ристов, уверува дека корекцијата на цената нема да биде драстична, бидејќи цената на природниот гас, кој е основен енергенс за производство на топлинска енергија, не бележи значително зголемување во однос на нафтените деривати. Ристов посочи дека Регулаторната комисија веќе ги анализира трошоците и параметрите што влијаат врз формирањето на новата цена на парното, по што ќе биде донесена конечната одлука. Тој нагласи дека целта е да се обезбеди баланс меѓу реалните трошоци на енергетските компании и заштитата на стандардот на граѓаните.

Повеќе тука