Партијата на пензионери бара вклучување во дијалогот за зголемување на пензиите
Партијата на пензионерите изрази заинтересираност и бара вклучување во отворениот дијалог за новата методологија за зголемување на пензиите пто ја најави Владата.
„Како партија ја поддржуваме иницијативата на премиерот Димитар Ковачевски и Владата за разговор со пензионерските здруженија, надлежните институции и останатите страни засегнати по ова прашање. Уверени сме дека, само на тој начин, може да се дојде до заедничко решение кое овозможува долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, а со тоа и подобрување на животниот стандард на сите пензионери во земјата.
Покрај финансиската поддршка која Владата ја обезбеди, во 2021 година, за пензионерите со ниски примања, како дел од ранливите категории граѓани, ја поздравиме и поддржуваме најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот период на сите пензионери, со цел полесно справување со економската и енергетската криза“, велат од партијата.

