ПравдаСветот на работникот

Пауновски: Одбив да ги примам да земаат плата, а да не работат, ако им најдат законско место ќе се извинам

Пркосеше и си замина од директорската фотелја во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако беше разрешен од позицијата, но и по спласнување на емоциите Стојко Пауновски вели дека во таа институција нема место за тие 35 луѓе. Станува збор за рамковно вработени лица кои Пауновски одби да ги прими затоа што немаат доволни квалификации. Во интервју за 24 Анализа синоќа тврдеше дека само 12-13 лица ги исполнувале условите, другите не. Рече дека сè што правел било да ја заштити институцијата, вработените, државата.

Тој рече дека одбивал да ги прими и да земаат плата, а да не работат, затоа што како СДСМ претходно се бореле токму против тоа. Негира и дека тоа го правел само заради тоа што се Албанци. 

Повеќе на Фактор.мк