Пет бизниси што можеш да ги започнеш со помош на ВИ– веднаш и од нула
Започнувањето бизнис никогаш не било подостапно од денес. Со алаткиките за вештачка интелигенција (АИ) кои се лесно достапни, а често и бесплатни, потребни се само малку креативност и волја за да се направи првиот чекор. Ви претставуваме пет идеи што може да ги стартувате без големи вложувања и комплицирани процедури.
Креативно студио за социјални мрежи
Алатките како Canva AI, ChatGPT или Runway овозможуваат брзо креирање на дизајн, видеа и текстови за социјалните мрежи. Многу сопственици на ресторани, салони или бутици немаат време за Instagram, а токму тука можете да понудите услуга за креирање содржина. За почеток ви е потребен само лаптоп и чувство за естетика.
Пишување и уредување содржина
Од блог-постови и њузлетери, до преводи и оптимизација на текстови – АИ асистентите за пишување ви помагаат да работите побрзо и поефикасно. Ако имате знаење во некоја област (мода, ИТ, патувања, гастрономија), можете да се специјализирате и да ја нудите услугата како контент-мејкер. Клиентите најмногу ги ценат оние што комбинираат умешно пишување со познавање на трендовите.
АИ тутор за јазици или вештини
Учењето јазици е огромен пазар. Со помош на АИ преведувачи и алатки за конверзација (на пример ChatGPT voice), можете да понудите мини-курсеви или индивидуални часови. Вашата улога е да обезбедите структура и мотивација, а АИ е асистент за вежба. Истото важи и за други вештини – од копирајтинг до основи на дигитален маркетинг.
Дропшипинг + АИ маркетинг
Е-трговијата денес е поедноставна од кога било. Потребно е да најдете производи на платформи како AliExpress или кај локални добавувачи, да креирате онлајн продавница (Shopify, WooCommerce) и да користите АИ за генерирање реклами, визуализации и описи на производи. Вашата задача е да ја пронајдете нишата и да го пласирате производот, а АИ ќе ви помогне во техничкиот дел.
АИ консултант за мали бизниси
Иако звучи “големо”, во пракса значи да им покажете на сопствениците на мали фирми како можат да користат АИ во своето работење. Тоа може да биде објаснување како да го користат ChatGPT за мејлови, како да направат автоматизирани Excel табели, или како да пишуваат понуди и огласи. Луѓето сакаат конкретни решенија, а ваквата услуга можете да ја наплатите по час или преку пакет.
Заклучок:
Наместо да чекате “голема идеја”, со АИ можете да почнете веднаш. Најважно е да го тестирате пазарот, да ја најдете својата целна група и да понудите едноставно решение. Понекогаш и најмалиот чекор – првиот клиент, првата објава, првиот текст – може да биде почеток на сериозен бизнис.
Извор: BIZLife

