Пет работни позиции на кои е тешко да се добие отказ
Кога ја избираат идната професија, било во средно училиште, на факултет или подоцна – во подоцнежните години (преквалификација), луѓето најмногу се водат од она што им се допаѓа, што „знаат“ да го работат и од она за што се талентирани.
Сепак, иако е важно да го сакаме она што го работиме и да умееме да ја извршуваме одредената работа, исто така, многу е важно индустријата во која работиме да биде профитабилна, ценета и „сигурна“.
Кога се вели „сигурна“, пред се’ се мисли на тоа стапката на откази да е ниска, за да имаме колку-толку обезбедена егизстенција и во време на најголема криза, каква што имавме изминатите години.
Работната сила продолжува да се менува, со оглед на тоа дека се повеќе луѓе работат од дома или ја менуваат професијата поради подобра плата и бенефиции. Но, во меѓувреме, некои вработени ја промениле работата од потреба, бидејќи компаниите отпуштале работници поради промените на пазарот – дури и таму каде што тоа не било очекувано.
Дали вашата позиција е загрозена? Revelio Labs ја прегледал состојбата на пазарот на труд, со цел да утврди кои професии се најзагорзени, а кои се безбедни.
Технолошки лидери
Дури и ако се намалува бројот на пониските позиции, лидерите во технолошкиот сектор со сигурност ќе го задржат своето водство, бидејќи тие се задолжени за целокупното водење на проектот – од почеток до крај.
Корпоративни тренери
И покрај апелите на бројни шефови и влијателни личности, вклучувајќи ја и Марта Стујарт, вработените да се вратат на работа – тоа не се случува со очекуваното темпо. Факт е дека и понатаму, особено во САД, многу луѓе работат на далечина, додека обучувањето за работата секако не губи на значење.
Тука „настапуваат“ тренерите за управување со кариера кои докажеле дека обуката може еднакво успешно да се одржува онлајн, како и во живо, што им обезбеди егзистенција.
Ревизори
Компјутерите можат да завршат еден, добар дел од работата, но не можат да го заменат човекот во оваа област. Работата на ревизорот е да ги контролира проблемите кои можат да поминат „под радарот“, како и да детектира нешто што компјутерот не е во состојба да го направи. Исто така, овие експерти имаат важна регулаторна улога која не можат да ја исполнат компјутерите или автоматизираните системи. Во таа смисла, оваа професија не е една од оние на кои им се заканува замена со вештачка интелегенција.
Технолошки аналитичари
Како што оваа област продолжува да се подобрува, а тоа се случува постојано и веројатно ќе продолжи со посилен интензитет, така и аналитичарите ќе мораат да бидат достапни за новите предзвици и промени. Едноставно, ќе мораат да се прилагодуваат на новите системи на работа, но и понатаму да ги изучуваат начините преку кои луѓето можат да „комуницираат“ со различни технологии, за компаниите да можат ефикасно да функционираат.
Менаџери
Тука, пред се‘, се мисли на водење на проекти кои се потребни постојано и насекаде – од технолошки системи, преку градежни, па до консултантски проекти. Добар менаџер на проект може да ги држи работите под контрола и да се погрижи се да функционира како што треба, што секако на компаниите им е една од главните цели – покрај заработувањето на пари, кое доаѓа по остварувањето на зацртнатите цели.
Од друга страна, Revelio Labs навел и некои работни позции каде масовните отпуштања се многу можни (и очекувани), а меѓу нив се: регрутерите, софтверските инженери, дата научниците, UX дизајнерите, специјалистите за обучување на персонал за тоа како да се комуницира со клиентите.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

