ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Плати од 24.000 до 36.700 денари – Нови слободни позиции во Цементарница УСЈЕ

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува огласи за вработување за:

Правник во Правна служба – плата од 31.000 до 36.700 денари (линк за повеќе детали и аплицирање)

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување на активности од правен аспект од значење за компанијата. Се грижи за усогласеност на компанијата со Законот за заштита на лични податоци и извршува работни задачи за изработка на документи и усогласување на интерните акти кои се однесуваат на ЗЛП. Учествува во изготвување на сите видови договори со цел да се заштитат интересите на компанијата. Составува и поднесува предлози, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред нотарите, извршителите и другите надлежни органи. Подготовка на материјали за седници на Одбор на директори и Собранието на акционери на компанијата. Следење на законските прописи поврзани со работењето на сите сектори во компанијата. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот.

Квалификации на кандидатот: Правен факултет, со 240 ЕКТС (положен правосуден испит ќе се смета за предност). Работно искуство во деловно право повеќе од 3 години. Познавања и работно искуство во доменот на заштита на лични податоци. Одлично познавање на англиски јазик. Одлични познавања на Microsoft office апликациите.

Референт за книговодство (замена за породилно отсуство на вработен), минимиум ССС – плата од 24.000 – 27.000 денари (линк за повеќе детали и аплицирање)

Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во Службата за локално сметководство како сметководител односно водење на финансово сметководство, водење на материјално сметководство, работа со сметководствени програми, како и анализа на трошоци, и други анализи на барање на претпоставениот. Кандидатот треба да има изразени аналитички способности и прецизност во работењето. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 дневно.

Квалификации: ССС/IV степен образование eкономско училиште/ гимназија. Работно искуство од најмалку 2 години во вршење на сметководствени работи со познавање на законската регулатива, и применливите сметководствени стандарди. Одлично познавање на МS Office. Познавање на англискиот јазик.

Конкурентски предности за двете позиции: Желба за работа во средина со високи барања, Динамичност, ефективност и ефикасност, Флексибилност и адаптибилност, Посветеност, мотивираност, иницијативност, Тимска работа и кооперативност.

Машински техничари во одржување – плата за работното место е од 24.800 до 30.000 денари (линк за повеќе детали и аплицирање)

Машинскиот техничар во машинско одржување ќе биде задолжен за извршување на браварски активности (сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично) на машинската опрема која се користи во производниот процес.
Примарна цел на машинските техничари е да извршуваат ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата во работни услови и за време на ремонт како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност. Се грижи за исправноста, контролата на состојбата и правилно ракување со алатот, како и за чистотата и уредноста во погонот. Се грижи за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на експлоатација. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Квалификации на кандидатот: ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар, Работно искуство во одржување од најмалку 2 години ќе се смета за предност, Лиценца за заварување и користење вилушкар, ќе се смета за предност.

Работник/Помошник оператор во Погон за производство – плата за работното место изнесува од 24.800 до 30.000 денари (линк за повеќе детали и аплицирање)

Избраниот кандидат ќе биде одговорен за следење и контрола на правилната и точната работа на процесната опрема. Помагање во водење на технолошкиот процес на подготовка на суровинско брашно, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со процедурите за работа. За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на Погонот. Работното време се одвива во две смени. Нето платата за работното место изнесува од 24.800 до 30.000 денари, а Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Kвалификации на кандидатите: CCC/IV степен стручна подготовка. Претходно работно искуство од 1 година ќе се смета за предност.