Повик за млади лица за учество на Регионален саем за вработување
Во склоп на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” на 28 февруари во Скопје ќе се одржи Регионален младински саем за вработување.
Според „МладиХаб“, сите млади лица кои се заинтересирани за учество саемот треба да бидат со возраст до 29 години и да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub.
Учество на настанот што ќе трае од 10:30 до 15:30 часот може да се пријави преку овој линк. Рокот за пријавување е 20 февруари. Локацијата за саемот ќе биде дополнително објавена.
„Саемот биде зборно зборно место на повеќе компании од регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност“, информираат од „МладиХаб“.
Повеќе на Радио МОФ

