Поставете го ова прашање за да дознаете во каква работна средина ќе работите
Подготвил: Бобан Илијевски
Кога Џордан Гибс, 31, била отпуштена од нејзиното работно место како регрутер во Лифт (Lyft) во ноември, нејзиниот одговор бил дејствувањето. Го зела својот телефон и одлучила да ја документира својата невработеност, вклучувајќи и детален план за барањето нова работа.
Тоа го направила преку платоформата Тик-ток.
Како професионален регрутер со осумгодишно работно искуство, таа увидела дека отпуштањата во технолошкиот сектор значат справување со различен пазар на вработување од претходниот. За два месеци, таа била на 42 интервјуа за работа, пред да добие понуда во јануари.
За неа голем предизвик било да се забележат сите детали од интервјуата, а уште поголем да открие дали сака да соработува со некоја од компаниите. Бидејќи добила отказ, Гибс сакала да биде сигурна дека му се придружува на тим кој ѝ одговара и има долгорочен потенцијал.
@elyse_____6 PROGRESS!!! Even though I’m moving forward in my interviews, im going to continue to apply everywhere until I have an offer in hand. I’ll check back in with you guys next week. ##layoff##techlayoffs2022##techlayoffs##EndlessJourney##unemployed##techworkers##AmazonSavingSpree ♬ original sound – Jordan Elyse
За да си помогне да го открие тоа, Гибс рекла дека сака да постави едно важно прашање во првите фази од интервјуата: Ако имате моќ да промените едно нешто поврзано со компанијата, што би било тоа?
Одговорот, објаснила Гибс, ќе каже или за културата на компанијата или за нејзниот производ.
Едно е да се добие конструктивен фидбек за производите на бизнисот и идеите за тоа како да се подобрат работите за клиентите, посочила таа.
Но, доколку интервјуерот одговори со критика за културата на компанијата, тоа може да биде знак за поголем проблем сокриен длабоко.
„Ако одговорот е, ‘Би сакал/а тимот да е повеќе поврзан’, тоа се однесува на културата и е црвено знаменце“, рекла Гибс. Проблемите околу комуникацијата, менаџерскиот стил и имањето на јаснотија за целта на работата ќе влијае врз вашето секојдневно искуство, но овие работи се и потешки за менување како поединец.
Во подоцнежните руднди на интервјуата, Гибс, исто така, сака да го постави прашањето: Кој ќе биде најголемиот предизвик за мене кој го предвидувате?
Ова е шанса регрутерот да понуди процена за тоа каде вашите вештини и искуство се поклопуваат со нивните потреби.
Исто така, ви дава шанса да разговарате како да се справите со предизвиците кои доаѓаат со работата. Добар начин да го направите ова е да се потпрете на веќе стекнатите вештини во минатото и да објасните како ќе ја примените способноста за да се адаптирате на новото работно место.
Добра идеја е да се биде транспарентен за тоа што ќе треба да го научите на работа – и вашата желба да го направите тоа. На пример, новата работа на Гибс ќе вклучува транзиција од технолошкиот сегмент во финансискиот.
Наместо да претерате со кажувањето на вашите вештини и искуства, треба секогаш да бидете отворени за учење.
Извор: CNBC

