Постапка за заштита од вознемирување на работното место (мобинг)
Постапка за заштита од вознемирување на работното место (мобинг)
Вработениот или лицето ангажирано со договор кое учествува во работата кај работодавачот, а кое смета дека е изложено на вознемирување на работното место, треба писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а со цел за решавање на спорната состојба, односно случај без поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место, и да го предупреди дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане. Во случај ваквото однесување да не престане, работникот кој смета дека е изложен на вознемирување треба пред да пристапи кон поднесување тужба до надлежниот суд, да испрати писмено барање за заштита од вознемирување на работно место до работодавачот, согласно со Законот за заштита од вознемирување на работно место. Додека пак ако работникот смета дека е вознемируван од страна на работоводен орган во правното лице или физичко лице како работодавач, може да поднесе тужба пред надлежниот суд по претходното писмено предупредување до вршителот на вознемирувањето, но без претходна постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот.
По поднесување на барањето до соодветното лице се започнува со постапка за посредување која може да има еден од следните два исхода: да заврши или успешно или неуспешно. Во случај на неуспешно посредување, следната фаза е барање заштита пред надлежниот суд.
Тимот на Јуридика

