ПравдаСветот на работникот

Постхумно признание за медицинските сестри кои ја загубија битката со Ковид-19

Шест гулаби летнаа кон небото во чест на шесте медицински сестри кои ги изгубија животите поради ковид 19. Виолета, Дијана, Елица, Ирена, Нашиде и Мирлинда беа постхумно одликувани за нивната пожртвуваност и тоа на меѓународниот ден на сестрите.

Таткото на 40 годишната Ирена која почина во декември 2020 по 40 дневна битка со вирусот, со солжи во очите раскажа колку неговата ќерка ја сакала професијата и уште првиот ден од пандемијата облекла скафандер.

-Секогаш кога ќе си дојдеше дома беше многу среќна и ќе кажеше, тато спасивме толку и толку пациенти. Но ете, таа не усепа да се избори и покрај се што направија сите, вели Мартин Дојчиновски, татко на Ирена.

Секогаш ќе се сеќаваат на нивните колешки кои починаа за време на пандемијата, но на овој за нив важен ден, од Унијата на здруженија на медицински сестри им порачаа на надлежните што поскоро да го вратат достоинството на оваа благородна професија. Актуелниот министер за здравство како и неговите претходници со ветување за закон за сестринството.

– Имаме формирано работна група за правење на законот а со синдикатот, пак, она што го работиме е дека ќе има и зголемување на коефициентите, изјави Беким Сали министер за здравство.

И во очекување на подобри услови за работа и вреднување на трудот, продолжува одливот на медицински сестри кои ги пакуваат куферите и заминуваат на запад.

Извор: Сител