Потребен е корона – данок, по пример на тој од 2001 година
Неопходно ќе биде да се воведе корона – данок, по примерот на воениот данок од 2001 година, вели проф. д-р Борче Треновски од Економскиот факултет при УКИМ во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
„Неопходно ќе биде да се воведе корона – данок, по примерот на воениот данок од 2001 година и радикално да се реструктуира стопанството, но и образованието кое треба да се прилагоди на новото време, новите технологии и трендови. Поуките кои веќе се гледаат и ќе бидат потврдени од анализите кои се прават и претсојат покажуваат дека пандемијата само го забрза процесот на промени кој ќе доведе до нова структура и промена на пазарот на труд. Некои професии ќе се засилат, ќе се појават и нови, а некои ќе изумрат“, велеи Треновски.

