МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Потребна е проценка импликациите врз буџетот за утврдување дали може да се продолжи породилното отсуство на 12 месеци

   Време за читање 1 минута

Порталот Работник неодамна објави текст за тоа дали треба да се продолжи породилното отсуство на 12 месеци и дали треба да се воведе флексибилно работно време за родителите коишто имаат мали деца., во кој свои изјави дадоа Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија и Даниела Јаневска од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Заклучокот беше дека треба да се продолжи породилното отсуство на 12 месеци и дека треба да се обезбеди флексибилна работа на родители чиишто деца се до две години.

Денеска, од Министерството за труд и социјална политика ни стигнаа одговорите на нашите прашања, во кои се вели дека продолжувањето на правото на породилно отсуство е едно од прашањата за кои се дискутира во процесот на подготовка на текстот на новиот Закон за работни односи, затоа што и актуелниот закон го уредува породилното отуство.

„Во консултациите и дискусиите се земаат во предвид директивите на Европскиот парламент, како и конвецниите на Меѓународната организација на трудот, како меѓународни стандарди со кои нашата легислатива треба да биде усогласена. Притоа, се разговара и за имплементирање на сите новини кои значат подолго посетување на новороденото дете од страна на двата родители, а се прифатливи за работодавачите“, велат од МТСП. 

Нагласуваат дека не помалку важен елемент во овој процес е и проценката на фискалните импликации врз буџетот на државата, особено во моменталната економска состојба. Велат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сето она што ќе произлезе како предлог по прашањата од овој домен. 

Бобан Илијевски