ПРАВО НА ВРАБОТЕНИТЕ ДА СЕ „ИСКЛУЧАТ“ (ДИГИТАЛНО) ОД РАБОТА НАДВОР ОД РАБОТНО ВРЕМЕ
ПРАВО НА ВРАБОТЕНИТЕ ДА СЕ „ИСКЛУЧАТ“ (ДИГИТАЛНО) ОД РАБОТА НАДВОР ОД РАБОТНО ВРЕМЕ
Европскиот парламент во својата законодавна иницијатива што беше усвоена со 472 гласа за, 126 против и 83 воздржани, ја повикува Комисијата да предложи закон што ќе им овозможи на оние кои работат дигитално да се „исклучат“ надвор од работното време. Исто така побараа и да се утврдат минимални барања за работење од далечина и да се прецизираат условите за работа, часовите и периодите на одмор.
Зголемувањето на дигиталните ресурси што се користат за работни цели резултираше во една култура на т.н. секогаш (вклучен) онлајн, што има негативно влијание врз балансот на личниот и професионалниот живот на работникот. Иако работата од дома е клучна во сочувувањето на работните места и бизнисите за време на кризата предизвикана од Ковид-19, комбинацијата на долги работни часови и повеќе работни обврски, исто така, доведе до повеќе случаи на анксиозност, депресија, „согорување“ и други проблеми поврзани со менталното и физичкото здравје.
Европратениците сметаат дека правото да се „исклучат“ е фундаментално право што им овозможува на работниците да се воздржат од вклучување во работни задачи – како што се телефонски повици, е-пошта и друга дигитална комуникација – надвор од работното време. Ова вклучува и празници и други форми на отсуство. Земјите-членки се охрабруваат да ги преземат сите неопходни мерки за да им се овозможи на работниците да го искористат ова право, вклучително и преку колективни договори меѓу социјалните партнери. Тие треба да осигурат дека работниците нема да бидат предмет на дискриминација, критика, отпуштање или други неповолни активности од страна на работодавачите.
Ова е одлична иницијатива на европратениците која се надеваме ќе стаса и кај нас со оглед на тоа дека Македонија се движи по европскиот пат.
Дали сте се соочиле со ментален или физички проблем во текот на работењето од дома? Дали имате јасна граница помеѓу работно време и слободно време за вашиот приватен живот? Како одржувате баланс?
Споделете во коментар или пишете ни го вашето искуство во порака!
ПРАВО НА ВРАБОТЕНИТЕ ДА СЕ „ИСКЛУЧАТ“ (ДИГИТАЛНО) ОД РАБОТА НАДВОР ОД РАБОТНО ВРЕМЕ
Европскиот парламент во својата…
Posted by Juridica on Monday, February 8, 2021

