ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Прва компанија која сфатила дека враќањето во канцелариите е лоша идеја

За помалку од три месеци откако објавила дека од вработените ќе побара да се вратат во канцелариите најмалку три дена во неделата, компанијата Убер одлучила да се откаже од тој план.

Компанијата на глобално ниво ќе им даде на своите вработени во канцелариите ќе им даде можност да се пријават за работа од далечина во целост или да изберат друга канцеларија од листата, наместо локацијата пред пандемијата, објавил директорот на компанија на блогот оваа недела.

За оние кои ќе се одлучат да се вратат во канцелариите, Убер бара таму да поминуваат најмалку половина од своето работно време, но им нуди поголема флексибилност за организираноста на времето.

„Тоа можат да бидат три дена неделно и два дена следната недела, или пет дена неделно во зависност од тоа што му одговора најмногу на вработениот и на неговиот тим“, рече директорот.

Ова е еден од најголемите пресврти за Убер и укажува на предизвиците на најголемата компанија во Силиконската долина кои благодарение на организацијата овозможиле работа од далечина во текот на целата пандемија.

Како и Убер, Гугл на почетокот најавил дека ќе бара од работниците да се вратат во своите пред – пандемиски канцеларии неколку дена во неделата, за да подоцна ја олабават таа политика овозможувајќи им на вработените да се пријават за постојана работа од далечина или да ја сменат локацијата на својата канцеларија.

Од Убер навеле дека компанијата продолжува да ги собира повратните информации од своите работници и сака да пружи поголема флексибилност додека го открива „вистинскиот долгорочен модел“ за постпандемискиот живот.

„Иако се уште веруваме во вредностите на личната соработка и заедницата која ја гради, исто така цениме дека нашите вработени имаат избор да одлучат каде сакаат да работат додека не се во канцеларија“, навел директорот во блогот.

Фејсбук и Твитер се одлучиле за работа од далечина во делот на својата стратегија.

Твитер најавил дека некои вработени можат да работат од дома „засекогаш“ ако така одлучат, а извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг рекол дека планира најмалку половина од следната година да ја помина работејќи од далечина.

Ејпл во меѓувреме и понатаму ќе бара од вработените да одат во канцелариите најмалку три дена во неделата.

Извор: Bizlife

Фото: Pixbay