Престанок на работниот однос со Спогодба – Лекција по трудово право
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
тема:Престанок на работен однос со Спогодба
Спогодбениот престанок на работниот однос се остварува само кога двете страни (работникот и работодавачот) ДОБРОВОЛНО се СОГЛАСУВААТ да се откаже договорот за вработување и со тоа да престане работниот однос. Спогодбата секогаш е во писмена форма и МОРА да содржи:
– дата и место,
– своерачно напишано име и презиме
– своерачен потпис.
Во пракса има голем број на злоупотреби инспирирани од притисок кон работникот или негово незнаење. Доколку работникот спогодбено го прекине работниот однос тогаш ги ГУБИ правата за осигурување во случај на невработеност (паричен надоместок) преку АВРМ.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека работникот мора да ја потпише понудената Спогодба од страна на работодавачот!
ПОГРЕШНО Е ако вработениот потпишува празен лист без да ја види содржината на актуелната или идна Спогодба за престанок на работен однос!
МОЖНО Е работникот да одбие да ја потпише Спогодбата, при што тогаш нема никакви правни последици за него (и покрај можните закани и навреди од страна на работодавачот)!
проф. д-р Лазар Јовевски
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
тема:Престанок на работен однос со Спогодба
Спогодбениот престанок на работниот…
Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, February 1, 2021

