Примена на Законот за спречување и заштита од дискриминација
ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОВИТЕ 34,35, 36 ОД ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Судска надлежност и постапка
Лицето кое смета дека поради дискриминација му е повредено некое право е oвластено да поднесе тужба пред надлежен суд. Во постапката соодветно се применуваат одредбите од Законот за парничната постапка. Ваквата постапка е итна.
Во постапката за заштита од дискриминација месно е надлежен, покрај судот за општа месна надлежност и судот на чие подрачје е седиштето, односно живеалиштето на тужителот.
Постапката пред судските органи се поведува со тужба. Со тужбата согласно член 36 од овој закон може да се бара:
1) да се утврди дека тужениот го повредил правото на тужителот на еднаков третман, односно дејствието коешто го презел или пропуштил може непосредно да доведе до повреда на правата на еднаквост во постапувањето;
2) да се забрани преземање дејствија со кои се крши или може да се прекрши правото на тужителот на еднакво постапување, односно да се извршат дејствија со кои се отстранува дискриминацијата или нејзините последици;
3) да се надомести материјалната и нематеријалната штета причинета со повреда на правата заштитени со овој закон и
4) да се објави во медиумите пресудата со која е утврдена повреда на правата на еднакво постапување на трошок на тужениот.
ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОВИТЕ 34,35, 36 ОД ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Судска надлежност и…
Posted by Juridica on Friday, February 12, 2021

